Антиќ доби исклучување, Црвена Звезда едвај победи

Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ беше исклучен по една нервозна реакција кон судиите, а неговиот тим Црвена Звезда во драматичен финиш дојде до триумф против ФМП (84-83) во првиот финален меч од плејофот во Суперлигата на Србија. Антиќ беше исклучен во последниот период, откако претера со својата реакција кон судиите. Прво доби техничка грешка, а потоа беше и исклучен.

Џејмс Фелдин на 12 секунди постигна решавачка тројка за Црвена Звезда и го донесе триумфот на овој натпревар. Перо Антиќ беше стрелец на шест поени, а најефикасен беше Ален Омиќ, кој зад своето име запиша 22 поени.

Се вчитува...