Антиќ доби казна од 700 евра за исклучувањето по навредите кон судиите

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ доби казна од околу 700 евра поради приговорот кон судиите и исклучувањето во првиот меч за својата Црвена Звезда против ФМП (84-83) од финалната плеј-оф серија во Суперлигата на Србија.

Во образложението на одлуката се вели дека Антиќ поради две технички грешки ќе мора да плати 200 евра, а дополнителни 500 евра поради навредите кон судиите.

Перо Антиќ на осум минути пред крајот на натпреварот во салата „Александар Николиќ“ го напушти теренот со одлука на судиите, по бурната реакција и негодувањето за досуден прекршок врз центарот на ФМП, Мајкл Оџа.

Се вчитува...