Антиќ го напушти мак-баскетот и се пресели во Србија

Долгогодишната македонска репрезентативка Јелена Антиќ реши да ја напушти домашната кошаркарска сцена и да се пресели во Србија, каде доби улога на асистент во сениорската репрезентација, како дел од стручниот штаб на Марина Маљковиќ.

Антиќ неодамна ја заврши играчката кариера по што заплови во тренерски води. Таа беше дел од стручниот штаб во нашата сениорска репрезентација, а и беше доделена и улогата на селектор на јуниорската репрезентација. Сепак, Јелена се реши за поинаков чекор во тренерската кариера селејќи се во северниот сосед.

„Точно е, Антиќ повеќе не е дел од стручниот штаб во нашите женски селекции. Таа самата дојде и ни соопшти дека има понуда од Марина Маљковиќ за да биде дел од стручниот штаб на Србија. Беше решена да си замине и ние можевме само да и посакаме среќа. Би било несериозно паралелно да ги врши функциите во двете држави, па единствена логична одлука беше да дојде до разделба. И посакуваме многу среќа во иднина“, потврдија за ЕКИПА од македонската куќа на кошарката.

Антиќ моментно се наоѓа со српската репрезентација во Бразил, каде се одржува предолимпискиот турнир за пласман на ОИ во Париз.

Се вчитува...