Антиќ и Фенер со „+46“ се загреваа за фајналфор

Фенербахче во голем стил го заокружи регуларниот дел од сезоната во турското првенство, откако тимот на нашиот Перо Антиќ во последното кол на гостински терен го декласираше тимот на Анкара со преубедливи 46 поени разлика (55-101). Избраниците на Жељко Обрадовиќ не покажаа милост за „фенерџијата“ на табелата, доминирајќи во текот на сите 40 минути и заслужено стигнувајќи до убедлива победа, како увертира за настапот на Ф4 во Евролигата следниот викенд.

Откако во првото полувреме водеа со 14 поени разлика, гостите делуваа застрашувајќи во реетиот период, кога за десет минути игра направија 11-35, по што преостанатите десет минути беа рутина за Антиќ и соиграчите.

Македонскиот интернационалец одигра 14 минути, период во кој постигна шест поени, а имаше и три скока и две асистенции. Фантастичен меч одигра Американецот Нанали, кој беше најефикасен со 40 поени зад своето име, додека Богдановиќ и Дувероглу постигнаа по 11 за турскиот гигант.

Се вчитува...