Антиќ и Црвена звезда без проблеми против Игокеа

Црвена звезда ја оствари четвртата последователна победа во јадранското првенство, овој „црвено-белите“ беа подобри од Игокеа со резултат од 85-80. Актуелниот шампион на АБА – лигата се мачеше во почетокот од второто полувреме, но во последната четвртина кочено го скршија отпорот на босанскиот шампион, и со овој триумф се доближи на врвот до водечката екипа во регионалното натпреварување, Будуќност.

Кошаркарите на Црвена звезда иако ги освоија првите две четвртини со 22-19 и 26-19, водството од +10 на полувремето се намали во третата делница кога Игокеа се разбуди и ја освои со четири поени, односно 20-16 во корист на гостите, но тоа беше максимумот од нив. Во завршните 10 минути Звезда ја врати предноста од 10 поени и кон мирен крај го приведе мечот за осма севкупна победа во АБА – лигата по 10 одиграни кола.

Нашиот Перо Антиќ за 11 минути постигна скромни три поени, додаде и два скока, како и една асистенција и една украдена топка. Најефикасен за составот од Белград беше Тејлор Рочести со 20 поени и 5 асистенции. Во тимот на Игокеа најрасположен кошаркар беше Робер Рикиќ со 19 поени.

Се вчитува...