Перо Антиќ стигна до уште еден трофеј, во богатата своја колекција титули, со синоќешната шампионска круна во првенството на Србија.
Македонскиот кошаркар зад себе има многу што на професионален план, но како што вели и оваа титула си има посебно место….
„Секоја титула е навистина драга. Супер е чувството. Напорно работевме и може да кажеме дека имаме успешна сезона зад себе. Следи малку прослава на трофејот, па одмор па потоа ќе видиме“ – вели Антиќ.
Некако, постојано актуелнава сезона се зборува и за можноста за ставање точка на професионалната кариера… Каква ќе биде професионалната иднина на Антиќ?
„Е, тоа е веќе лошо прашање“ – низ смеа кратко одговара Антиќ на темата – пензија!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА