Антиќ пресреќен: Посакав и ми се исполни – трета титула за третиот син

Перо Антиќ стана првиот Македонец со три титули европски првак, па големиот ас неслучајно беше пресреќен по извонредниот меч на Фенербахче и заслужената победа над Олимпијакос. Она што го најави пред фајналфор турнирот во Истанбул, Антиќ и го исполни, третата титула посветувајќи ја на својот трет син.

Чувството е неверојатно, фантастично… Секогаш е убаво да се игра фајналфор, но овојпат бевме погладни за победа од лани. Пресреќен сум за победата, посакав и ми се исплнии – трета европска титула… за мојот трет син. Имавме извонреден тимски дух и одигравме фантастично од првата до последната минута. Олмипијакос одигра квалитетно, честитки за грчкиот состав за одличната сезона, но мислам и дека ние повеќе ја посакувавме оваа победа“ – изјави Антиќ по големата победа.

Се вчитува...