Антиќ со нов предизвик во кариерата

Најдобрата македонска кошаркарка, Јелена Антиќ, се реши за нов предизвик во кариерата, потпишувајќи договор со екипата на Висла Краков. Полските медиуми информираат дека трансферот е веќе договорен, а се очекува Антиќ да биде огромно засилување за тимот на Висла, кој лани беше шампион на Полска, а сезонава во финалето од плејофот загуби со 3-2 од екипата на Сласк.

Јелена Антиќ е висока кошаркарка која одлично се снаоѓа со топката во раце, сигурно ќе ни биде од помош и во борбата под обрачите иако настапува на крилната позиција. Нејзината универзалност во играта, но и мотивираноста, сигурно ќе бидат од голем плус за нашиот тим“ – изјави тренерот на Висла Криштоф Шевчик.

Антиќ доаѓа во Висла од редовите на шведскиот прволигаш Лулеа, тим за кој македонската репрезентативка имаше просек од 12 поени и седум скокови по натпревар. Претходно, македонската интернационалка по настапот во НЦАА-лигата во САД и враќањето во Европа настапуваше за екипитее на Партизан, Макаби Ашдод и Сарагоса.

Се вчитува...