Антиќ со поддршка за Кузмиќ: Издржи…, цела Македонија е со тебе!

И претседателот на КФСМ, Перо Антиќ испрати порака со поддршка за кошаркарот на Црвена Звезда, Огњен Кузмиќ кој денеска имаше тешка сообраќајна несреќа во близина на Бања Лука.

Антиќ преку својот Инстаграм профил испрати порака со поддршка за Кузмиќ и неговата битка за живот…

„Издржи… Цела Македонија е со тебе“ – напиша првиот човек на КФСМ.

Кузмиќ, според последните информации, се наоѓа во вештачка кома, состојба во која ќе остане во следните 48 часа. По тие критични часови, потоа ќе следи и вистинската битка за негово комплетно заздравување.

Се вчитува...