Антиќ стигна во Белград: Прегледи, па тренинзи со Црвена звезда

Перо Антиќ е подготвен за почетокот на неговата нова авантура во Црвена звезда, откако македонскиот ас вчера допатува во Белград и присуствуваше на тренингот на својот старо-нов клуб.

Македонецот беше „во цивилка“, бидејќи лекарските прегледи се закажани за денеска, по што Антиќ ќе му се стави на располагање на новиот тренер на Црвена везда, Душан Алампијевиќ.

pero antic belgrad2

Антиќ имаше краток разговор, се сретна и со новите соиграчи, па се очекува тој на некој од следните контролни натпревари да го има и својот камбек во дресот на „црвено-белите“.

Само за потсетување, Перо Антиќ претходно го носеше дресот на Црвена звезда во периодот од 2005 до 2007 година.

Се вчитува...