Десеттата епизода на ПРЕСИНГ го носи еден од највозбудливите разговори за македонскиот спорт, заедно со најголемата македонска фудбалска легенда Дарко Панчев, а како гостин најголемото македонско кошаркарско име, трикратен европски шампион и прв Македонец во НБА лигата, Перо Антиќ.
Меѓу бројните теми, поранешниот претседател на КФСМ зборуваше и за тоа како Лестер Бо Мекејлеб дојде во Македонија и за првите негови средби со соиграчите од репрезентацијата. Бо Мекејлеб сигурно е најдобриот натурализиран странец кој играл за македонската репрезентација, избрани, токму заедно и со Перо Антиќ во најдобрата дрим-тим петорка на Европското првенство 2011 во Литванија кога Македонија го освои четвртото место.
„Да, и тоа го доведовме од кој клуб? Од Партизан, во тоа време со Дуле Вујошевиќ во тежок комунизам. Се сеќавам, кога првпат дојде во Македонија кај мене на роденден. Меѓу 70-80 луѓе на роденденот, го гледам Бо седи на страна издвоен од другите. Му викам: ‘Дојди бе ваму бе’. И тој онака понизен благодарен доаѓа и ми вели: ‘Ви благодарам што ме примивте во вашето друштво, во вашата екипа…’. Па со Станко викаме мора да ти дадеме некое наше име, ајде стануваше Борче Мекалебовски“ – раскажува Антиќ во „ПРЕСИНГ“, и дополнува:
„Прекрасна личност, полн енергија… Сега е тренер во Њу Орлеанс, и ден-денес е таков. Душа човек“.
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ СО ДАРКО ПАНЧЕВ“ ГЛЕДАЈТЕ ГО НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

