Антиќ за Наумоски: Спасител? Ти ја упропасти кошарката и цела репрезентација

Најдобриот македонски кошаркар, Перо Антиќ, повторно отворено го нападна Петар Наумоски поради начинот на функционирање на МКФ по неговото доаѓање за претседател на федерацијата.

„Небитниот“ Антиќ аргументирано посочи низа факти против Наумоски, откако на чело со овој претседател репрезентативната кошарка повторно ни падна во амбисот. Откако МКФ се обидува да најде начин за да ја избегне вината за случајот „Марко Симоновски“, Антиќ потсети дека токму Наумоски штрајкувал како репрезентативец на Македонија додека не му биде платено осигурувањето, за сега самиот тој да не сака да покрие осигурување на репрезентативец поради грешка на МКФ.

Донесени како спасители на кошарката? Не оставија во Б дивизија спасителите и никој не ги суспендираше ниту било што им се правеше. Со тешка борба ја вративме ние небитните до врвот на европската кошарка! Се вратија на готово и не вратија таму каде што не оставија. Ја упропасти кошарката, хемијата во кошарката и цела репрезентација“ – му порача Антиќ на Наумоски.

antic print screen

Се вчитува...