Антоан Гризман, најдобар играч во Лигата на Европа

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, е избран за најдобар фудбалер во Лигата на Европа за сезоната 2017/18. Тој беше една од главните алки во својот тим при освојувањето на трофејот на „јорганџиите“ изминатата сезона.

Гризман беше стрелец на два гола во финалето на Лигата на Европа против Олимпик Марсеј. Французинот ја заокружи одличната сезона и со освојување на титулата со Франција на Мундијалот во Русија.

Тој ја освои наградата во конкуренција на соиграчот од Атлетико Мадрид, Диего Годин, и фудбалерот на Олимпик Марсеј, Димитри Паје.

Се вчитува...