Антонели фуриозно до пол-позиција во Белгија

Кими Антонели ја потврди доминацијата во Формула 1 шампионатот со уште едно импресивно издание, стигнувајќи до пол-позицијата во пресрет на белгиското гран-при што ќе се вози утре на патеката Спа.

Лидерот во генералниот пласман извозе перфектен круг, остварувајќи време за 0,317 секунди подобро од она на второпласираниот Макс Ферстапен, најголема разлика меѓу првиот и вториот возач во едни квалификации од стартот на сезоната.

Ферстапен при својот круг имаше и мала помош од тимскиот колега Исак Хаџар, но тоа беше недоволно за да се загрози Антонели, па асот на Ред Бул на крајот мораше да се задоволи само со второто место.

Ландо Норис со Мекларен ќе стартува како третопласиран, додека тимскиот колега на Антонели, воедно и негов најсериозен ривал во генералниот пласман, Џорџ Расел, имаше половина секунда послабо време од победникот и го освои четвртото место во овие квалификации. Зад Расел се најдоа двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон…

Сепак, Норис е казнет со десет позиции, па утрешната трка што ќе стартува од 15 часот ќе ја почне од 13. место.

Се вчитува...