Андреа Кими Антонели не го криеше задоволството по победата на трката во Формула 1 за Големата награда на Белгија.
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, уште еднаш покажа колку е доминантен нивниот болид и колку предност имаат во однос на сите други во шампионатот, победувајќи пред Шарл Леклер и Макс Верстапен.
По трката, Антонели рече дека имале среќа и дека трката била тешка.
„Одлично е чувството да се биде на првото место по неколку тешки викенди. Ова беше тешка трка, го загубивме првото место и по доаѓањето на виртуелното безбедносно возило успеавме да се вратиме на врвот. Беше многу тешко поради Шарл Леклер кој возеше одлично. Сепак, имавме добар моментум и го постигнавме посакуваниот резултат. Можам да кажам дека имавме среќа и поради сè што се случи околу борбата за титулата. Затоа мора да ја искористите секоја можност бидејќи видовме колку лесно сè може да се промени. Мора да продолжиме со исто темпо и да видиме што ќе се случи до крајот на сезоната“, објасни Кими Антонели.
Антонели е прв во шампионатот во Формула 1 со 204 бода, Луис Хамилтон е втор со 159, а Џорџ Расел е трет со 154, кој денес не ја заврши трката поради инцидент од првиот круг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
