Антонели: Не можев да замислам дека ќе бидам на победничкиот подиум

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, кој победи на трката за Големата награда на Италија која се возеше на патеката во Монца, откако стартуваше од 19-та позиција, изјави дека е пресреќен по триумфот.

Ова беше седми триумф сезонава за Антонели, а до него дојде откако во финишот од трката во директен дуел беше подобар од клупскиот колега Џорџ Расел.

„Неверојатно, пресреќен сум. Никогаш не можев да замислам дека денес ќе бидам тука на победничкиот подиум. Успеавме да направи сè како што треба и навистина сум многу среќен“, изјави Антонели по трката.

Клучниот момент кој го одлучи победивникот беше во завршницата, Антонели влезе во боксот по замена на пневматиците, додека Расел поради истрошените гуми, имаше проблеми во последните кругови и беше претекнат од клупскиот колега.

Антонели стана првиот Италијанец по пауза од 60 години кој славел во Монца.

„По вториот рестарт знаев дека имам шанса за победа. Верував во тоа, посебно кога се најдов зад Расел“.

Следната трка во календарот на Формула 1 е Големата награда на Шпанија, која ќе се вози веќе следниот викенд.

Се вчитува...