Кими Антонели се зацврсти на чело на генералниот пласман во Формула 1 откако успеа да слави на спринт трката што попладнево се возеше на патеката Силверстон како дел од ГН на Велика Британија.
Предизвикот беше голем, ако се знае дека пол-позицијата на оваа трка ја имаше Луис Хамилтон, но брилијантниот Антонели трпеливо чекаше, во осмиот круг успеа да го мине легендарниот возач на Ферари и ја задржа предноста до самиот крај.
„Беше многу забавно во првите десетина круга со Луис, двајцата возевме на граница. Знаев дека ќе добијам шанса, го сочекав вистинскиот момент и направив маневар за да излезам пред Хамилтон“ изјави задоволно Антонели по трката.
Третото место му припадна на Ландо Норис, зад кого се најдоа Расел Леклер, Ферстапен, Лосон…
Антонели со оваа победа ја зголеми предноста во генералниот пласман, која сега изнесува „плус 43“ во однос на неговиот тимски колега Расел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
