Антонели реди победи во Формула 1, недопирлив и во Мадрид

Кими Антонели направи уште еден чекор напред кон титулата во Формула 1 шампионатот откако италијанскиот возач триумфираше и на трката во Мадрид, на новата патека во непосредна близина на шпанската метропола.

Возачот на Мерцедес извозе квалитетна трка во која во прилог му одеа и грешките на ривалите, по шшто Антонели сосема заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Норис беше прв на стартот, тој делуваше сигурно на чело на колоната, но бавната реакција во пит-стопот при влегувањето за менување на гуми скапо го чинеше овој возач, кој експресно ги загуби шансите во борбата за првото место. Луис Хамилтон како и на вчерашниот тренинг повторно имаше проблеми и излета од патеката, не успевајќи да ја заврши трката.

Леклер во подолг период од трката беше на чело на колоната, но асот на Ферари мораше да го испочитува правилото за најмалку едно влегување во пит-стоп, го стори тоа на осум круга до крајот и се врати на четвртата позиција.

Така, Антонели остана на чело во 49. круг, Макс Ферстапен се обиде да му го замрси сметките, но возачот на Ферари го одби налетот на поранешниот светски првак, се одлепи на чело на колоната и триумфираше пред Ферстапен, Норис, Леклер, Расел…

Се вчитува...