Антонели славеше во Монтреал, катастрофа за Расел

Кими Антонели се зацврсти на врвот на генералниот пласман во Формула 1 шампионатот откако возачот на Мерцедес стигна до триумф на трката за ГН на Канада. Триумфот е уште позначаен ако се знае дека неговиот тимски колега, воедно и главен ривал за титулата, Џорџ Расел, предвреме ја заврши трката.

По хаотичниот старт, Ландо Норис беше на чело на колоната, но бидејќи двата болиди на Мекларен беа со гуми за на дожд, а прогнозите нс се остварија, Норис и Пијастри мораа брзо да заминат во пит-стоп оставајќи ги Расел и Антонели да се борат за титулата.

Расел беше првопласиран, но овој возач мораше да ја заврши трката во 29. круг, оставајќи му на тимскиот колега отворен пат до победата, со која Антонели сега има 43 бода предност во генералниот пласман.

Најинтересна на вечерашната трка беше борбата за второто место, во која Хамилтон го мина Ферстапен на пет круга го крајот и се најде веднаш зад победникот. Макс на крајот мораше да се задоволи само со третата позиција, пред Шарл Леклер од Ферари, Исак Хадар од Ред Бул, Франко Колапинто од Алпин…

Следниот тркачки викенд во Формула 1 е закажан од 5 до 7 јуни во Монте Карло.

Се вчитува...