Антонио Ристевски ја заврши скијачката кариера

Повеќекратниот македонски олимпиец, Антонио Ристевски, вечерва обелодени дека става крај на својата скијачка кариера. Ристевски одлуката ја обелодени преку својот официјален профил на социјалните мрежи, заблагодарувајќи се за поддршката што ја добиваше во изминатите години.

„Епа вака така заврши една приказна за мене , една кариера околу 20 години исполнета со многу успони и падови , патувања , дружења , познанства , тренинзи , натпревари и пред се многу скијање. Позади мене се 3 олимпијади (два пати остварена олимписка А норма) , 8 светски првенства , преку 10 старта во светски куп и преку 500 меѓународни натпревари. 29 место во сочи 2014 и 276 место на ФИС ранг листа се најдобрите резултати во оваа “приказна”. За сето ова и за многу други работи за овие 20 години најзаслужен е мојот тренер Иван Лесевски на кого цел живот ќе му бидам благодарен. Голема благодарност и до Скијачката Федерација на Македонија, потоа ски-клуб Работнички, Македонскиот Олимписки Комитет, Агенцијата за Млади и Спорт, Сојузот на Спортови на Скопје…“ – напиша Антонио Ристевски на својот фејсбук-профил.

Од Скијачката Федерација на Македонија објавија дека Ристевски во иднина ќе биде нов тренер.

„Антонио е веќе тренер на репрезентацијата на Македонија. Неговите препораки се преку 500 меѓународни ФИС натпревари“ – објавиија од Скијачката Федерација.

Се вчитува...