АП Брера ги обедини куп титулите во пионерска конкуренција

Фудбалерите на АП Брера успеаја да стигнат до два трофеји во финалињата во Куп натпреварувањата во младинската лига.

Прво помладите пионери на струмичани со 3-0 беа подобри од Пелистер. Головите во финалето ги постигнаа Матеј Сејменов, Мартин Стоиловски и Албан Рочи.

Малку поискусните струмичани исто така против Пелистер стигнаа до титулата во пионерска конкуренција откако славеа по изведување на пенали со 4-2. Овој меч ни донесе неверојатна трилер-завршница во регуларниот дел бидејќи струмичани израмнија на 1-1 со погодок во 99. минута.

Утре во Кичево во финалните мечеви во младинска и кадетска конкуренција ќе се сретнат Вардар и Шкендија, односно Македонија ЃП и Пелистер.

Се вчитува...