Апелгрен во Рајн Некар Левен до 2021

Шведскиот голман Микаел Апелгрен потпиша нов договор со Рајн Некар Левен со важност до 2021 година. Во редовите на германскиот шампион за кој настапуваат и двајцата македонски репрезентативци, Дејан Манасков и од оваа полусезона Филип Талески, Апелгрен дојде во 2015 година. Лани со Борко Ристовски беа голманскиот тандем со кој „лавовите“ ја освоија првата шампионска титула во Бундес лигата.

Во меѓувреме, Ристовски замина во Барселона, а Апелгрен остана на голот на Рајн Некар Левен на кој по заминувањето на Ристовски му се приклучи неговиот колега од шведската репрезентцаија, Андреас Паличка.

Пред Рајн Некар Левен, Швеѓанецот три сезони беше на голот на Мелсунген.

Се вчитува...