Апостоли Апостолов го предводеше Кожув до нова убедлива победа, овојпат над екипата на Гостивар со што гевгелискиот прволигаш успеа да обезбеди пласман во големото финале на Купот на Македонија.
Таму Кожув утре го очекува дуел со бранителот на трофејот МЗТ Скопје, но Апостолов е оптимист дека неговиот тим ќе успее да го запре налетот на актуелниот шампион на Македонија.
„Пред се би сакал да им се заблагодарам на моите кошаркари, имавме четворица повредени уште пред четвртфиналето, но сите стиснаа заби за да настапат и да помогнат да дојдеме до овој резултат. Секоја чест за сите нив, утре одиме на мегдан со МЗТ, ќе играме финале во нашиот град, пред нашите навивачи, нека биде што ќе биде… Јас не признавам фаворити, МЗТ е шампион на Македонија, но според мене нема да биде фаворит во ова финале. Играме дома, ние ќе бидеме шест играчи, тие пет, ако играме како денеска, се е возможно во големото финале“, истакна Апостолов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА