Апостолов: Чеситки на моите играчи, да имавме подолга клупа ќе се носевме и со МЗТ Скопје

Кожув во 2025 година го повтори најголемиот успех во клупската историја со настап во финалето на Купот на Македонија. Како и пред една деценија, и овој пат гевгеличани не успеаја да го положат последниот испит губејќи од МЗТ Скопје кој пак го освои 13-тиот трофеј.

И покрај поразот, задоволство од прикажаното искажа тренерот Апостоли Апостолов.

„Честитки за моите играчи за се. Ние игравме со двајца 100 отсотни подготвени играчи, со еден тренинг на овој Куп, па стигнавме до финалето. Со младите играчи од Гевгелија сме на прав пат. Тоа што го имаме замислено ќе го оствариме, догодина да имаат сигурна минутажа во овој Кожув“, изјави Апостолов кој причината за поразот ја најде во подолгата клупа на противникот.

„Да имавме поголем ростер, ќе можевме да се носиме со МЗТ. Противникот беше многу подобар заради подобриот ростер“

Се вчитува...