Арбелоа потврди крај за две ѕвезди во Реал: „Им следи последниот натпревар“

Реал Мадрид вчера славеше против Севилја, па за „кралевите“ остана само уште последното формално коло за крај на сезоната.

А, токму последното коло ќе биде и последен натпревар за две ѕвезди на клубот во реаловиот дрес.

„Ќе има збогување за некои играчи на последниот натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, рече и тренерот Алваро Арбелоа на вчерашната прес-конференцијата.

Иако не ги именуваше, станува збор за искусните дефанзивци Дани Карвахал и Давид Алаба.

34-годишниот Карвахал, капитен на Реал, освои шест титули во Лигата на шампионите со клубот и има четири титули во шпанското првенство. Одигра 450 натпревари за „кралскиот клуб“.

Алаба, Австриец кој често имаше проблеми со повреди, на 33-годишна возраст, исто така, ја менува средината. Со Реал, тој освои две титули во Лигата на шампионите (две претходно освоени со Баерн) и три титули во Шпанија.

Одигра 131 натпревар за Реал и постигна пет гола со девет асистенции.

И двајцата треба да бидат на Светското првенство, но дали ќе одат и дали е време за целосен крај на нивните кариери, останува да се види.

Се вчитува...