Реал Мадрид остана без планирани два бода на гостувњето против Бетис откако „„кралевите“ примија гол во судиското продолжение за реми од 1-1.
Разочарувањето е големо, играта под посакуваното ниво ако се знае дека Лунин и пред голот во неколку ситуации го спасуваше Реал, но тренерот Алваро Арбелоа вината што неговиот тим не победи ја побара кај судиите.
„При израмнувачкиот погодок имаше очигледен фаул врз Менди, тоа сите го видоа. Во такви ситуации многу лесно е да се загуби баланс, но тоа можат да го знаат само луѓе што играле или луѓе што разбираат фудбал. Нашиот проблем е што судиите во Шпанија не разбираат фудбал, тоа се гледа по нивните одлуки. Ова не беше прв пат арбитрите да го оштетат Реал Мадрид, ниту пак беше единствена спорна ситуација вечерва. Имаше и чист пенал врз Брахим Дијаз што од некоја причина не беше досуден за нас“, изјави Арбелоа.
Јасн е дека овој стратег не го положи испитот при шансата што му беше дадена како прв тренер на Реал Мадрид, па останува само прашањето дали Арбелоа ќе ја доврши оваа разочарувачка сезона во која беше елиминиран од Копа дел реј и од ЛШ, или наскоро ќе биде именуван нов стратег на „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
