Мартинез успешно опериран, ќе паузира најмалку еден месец

Голманот на Челси, Емилијано Мартинез, синоќа е успешно опериран на вилицата по тешкта повреда која ја заработи на натпреварот против Евертон во англиската Премиерлига.

Аргентинскиот репрезентативец на носилки го напушти теренот веднаш пренесен во клиничкиот центар во Лондон, по што беше подложен на хируршкиот зафат.

По операцијата, 34-годишниот голман преку социјалните мрежи потврди дека операцијата поминала успешно.

„Ви благодарам на сите за пораките. Операцијата помина добро. Најважно е што освоивме три бода. Ќе се вратам за неколку недели“, порача Мартинез.

Според првичните медицински процени, опоравувањето се очекува да трае меѓу четири и шест недели.

Се вчитува...