Ѕвездите на Реал на луда забава со Бразилки: Навивачите бесни на Винисиус, Белингам… (ВИДЕО)

Бразилскиот напаѓач од Реал, Винисиус Жуниор се најде во центарот на нов скандал откако по социјалните мрежи протекоа видео снимки од негова раскошна забава, заедно со уште неколку фудбалери на Реал Мадрид со бразилски инфлуенсерки.

Првите снимки ги објавија бразилските медиуми, наведувајќи дека забавата на ѕвездите на Реал била на 15 октомври, и тоа во период додека Винисиус одработува суспензија од четири натпревари. На забавата во домот на бразилскиот фудбалер каде биле доведени повеќе бразилски девојки, присуствувале и неговите соиграчи Џуд Белингем и Едуардо Камавинга, како и Дин Хујсен.

Навивачите на мадридскиот гигант се бесни по објавените снимки, но наспроти Винисиус, најголемо внимание предизвика Англичанецот Белингем, за кого иако се наведува дека ја напуштил забавата порано, сепак има снимки дека и бил неверен на својата партнерка Ешлин Кастро. Интересот за овој наводен скандал дополнително се зголеми откако една од присутните девојки на своите објави ги означи профилите на Винисиус и Белингем.

Фановите на кралскиот клуб се бесени затоа што сето ова е во моменти кога, поради однесувањето на Винисиус, сериозно е нарушен имиџот на Реал Мадрид, чие однесување надвор од теренот се следи под лупа.

Се вчитува...