Арбелоа „удри“ по судиите: Не може да исклучите играч на таков начин, не е фер

Тренерот на Реал, Алваро Арбелоа е бесен откако неговиот беше елиминиран од Лигата на шампионите откако претрпе пораз од 4-3 од Баерн Минхен.

Драматичниот судир беше нарушен од контроверзното исклучување на Едуардо Камавинга во последните минути од натпреварот. Тренерот остро го критикуваше судијата Славко Винчиќ. Исклучувањето на играчот беше пресвртница во мечот, смета Арбелоа. 

„Да, очигледно е дека сме погодени од исклучувањето. Не можете да исклучите играч на тој начин. Судијата дури и не знаеше дека веќе има жолт картон, па му покажа еден, но тоа уништи натпревар кој беше одличен. Да, очигледно е дека сме погодени од исклучувањето“, изјави Арбелоа. 

„Беше одличен натпревар. Можевме да постигнеме повеќе голови. Сочувствувам со момците за трудот кој го вложија. Многу сум горд. Дадовме се опд себе, имавме шанси за уште некој гол“, рече Арбелоа.

Се вчитува...