Арбен Тафа ја засили Беласица

Арбен Тафа е втора аквизација на ФК Беласица ова лето. Искусниот стопер во Струмица доаѓа од редовите на Струга Трим Лума, а во минатото има настапувано и за екипите на Хоризонт Турново и Влазерими 77.

„Среќен сум што Арбен го прифати нашиот повик да биде дел од ФК Беласица. Знаејќи го неговиот квалитет, но и одличен карактер, сигурен сум дека ќе биде огромно засилување за нашата одбрана. Му посакувам успешни настапи во плаво белиот дрес“ – изјави шефот на стручниот штаб на Беласица, Милков.

По потпишувањето на договорот и официјалната промоција, Тафа искажа задоволство од новиот ангажман.

„Пресреќен сум што потпишувам за клуб каков што е ФК Беласица и се надевам дека заедно ќе изградиме уште поголеми успеси и ќе ја збогатиме клупската историја“ – изјави Тафа.

Се вчитува...