Арда Туран се договори со Шангај Шенхуа

Никако да престане кинеската офанзива по играчи од европските клубови. Овојпат, тимовите од Далечниот исток го имаат ’пикирано’ фудбалерот на Барселона, Арда Туран, за кого се тврди дека постигнал договор со челниците на Шангај Шенхуа.

Тој се согласил на тригодишен договор, кој ќе му донесе плата од 20 милиони евра по сезона, а останува само двата клуба да пронајдат заеднички јазик за завршување на трансферот.

Турскиот репрезентативец и во минатото беше поврзуван со трансфер во Кина, а таков нешто веројатно ќе се случи овој зимски преоден рок.

Се вчитува...