Арената во Мајами добива име по порно компанија?

Арената во која мечевите ги игра НБА тимот на Мајами Хит, во потрага е по нов спонзор, откако „Американ ерлајнс“ објави дека нема да го обнови договорот кој истекува на крајот на годината.

Интересно е тоа што прва компанија која се јавила со понуда да стане нов спонзор на арената била „Бенг брос“, продукциска компанија од Мајами која прави порно филмови. Дека се озбилни во намерите покажува и фактот дека веќе понудиле 10 милиони долари за спонзорскиот договор.

 

Се вчитува...