Аргентина и понатаму е во центарот на вниманието поради постапките на своите играчи по освојувањето на Копа Америка.
Фудбалерите на Аргентина беа снимени додека ја славеа големата титула, а проблемот настаназатоа што ги навредуваа Французите на расна основа.
„Тие играат за Франција, но тие се од Ангола; неговата мајка е од Нигерија; неговиот татко е Камерунец; но на пасошот пишува: Француски“, скандираа на прославата.
Главните осуди ги доби младиот играч за врска Енцо Фернандез, а за целиот скандал проговори и поранешниот фудбалер на Челси, Демба Ба.
„Аргентина, азил за поранешните нацисти кои избегаа. Од 1945 година (претседателот) Перон беше домаќин на воени злосторници. И сега сте изненадени“, напиша Ба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА