Аргентина го брише Икарди за СП?

Аргентинскиот селектор Жорге Сампаоли е подготвен да направи „рез“ во националниот тим за претстојниот мундијал во Русија, па на неговиот конечен список најверојатно ќе нема место за Мауро Икарди. Како што јавуваат медиумите од оваа земја, Сампаоли не бил задоволен од настапите на Икарди на последните средби, како и од залагањето на тренинзите, поради што решил во Русија да не го носи овој врвен напаѓач.

Икарди подолго време беше игнориран од страна на аргентинските селектори, но Сампаолии по неговото доаѓање реши да му даде шанса на членот на Интер. Тој не одигра на посакуваното ниво, па сега селекторот разгледува поинакви опции за нападот, пред се Агуеро и Игуаин, но и играчи со помало реноме кои настапуваат во аргентинскиот шампионат.

Според дел од медиумите, влијание врз ваквата одлука има и Лионел Меси, кој отсекогаш имал лошо мислење за Икарди, од времето кога голгетерот му ја украде сопругата Ванда Нара на соиграчот Макси Лопез, кој инаку важи за добар пријател на Меси.

Се вчитува...