Аргентина го објави конечниот список – Неуништливиот Скола ќе ги предводи на Мундобаскетот

Селекторот на кошаркарксата репрезентација на Аргентина, Серхио Ернандез го соопшти конечниот список на кошаркари на кои ќе смета на Светското првенство во Кина.

Ернандез се одлучи шанса да им даде на проверените сили, кои ќе бидат предводени од 39-годишниот Луис Скола. Покрај Скола, Аргентина на Мундобаскетот ќе ја претставуваат и Лука Вилдоза, Факундо Кампацо, Николас Лаповитила, Николас Брусино, Луисо Редиво, Максимо Фјерелуп, Патрисио Гарино, Габријел Дек, Маркос Делиа, Агустин Сафаро и Тајавек Галиази.

Аргентина на шампионатот се наоѓа во групата Б, заедно со Русија, Јужна Кореја и Нигерија.

Се вчитува...