Иако е повреден и се стравуваше дека може да ги пропушти првите натпревари на Мундијалот, сепак, тоа нема да се случи. Првата ѕвезда на Аргентина, Лионел Меси се рехабилитираше од повредата, и ќе може да игра уште од самиот старт за светскиот првак.
Ова го потврди и селекторот на репрезентацијата, Лионел Скалони кој кажа дека Меси е целосно „фит“ и дека ќе настапи уште од самиот старт.
„Повредата е минато. Лео работи многу добро на тренинг, и ќе има минутажа уште на пријателските натпревари“, изјави Скалони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
