Аргентина преку Венецуела до четвртфинале

Кошаркарската репрезентација на Аргентина и се приклучи на Полска во четвртфиналето на Светското првенство во Кина, откако денеска беше подобра од Венецуела со убедливи 87-67.

Гаучосите уште од самиот старт го контролираа мечот, а на полувреме заминаа со предност од тринаесет поени (38-25). Единствен проблем за селекторот на Аргентина, беше повредата на зглобот на  Факундо Кампацо кој мораше да го напушти теренот.

Во второто полувреме одличниот бек се врати во игра и заедно со Скола и Дек рутински го приведоа мечот до самиот крај, за нова победа на Мундобаскетот од 87-67.

Габриел Дек со 25 поени беше најдобар кај „гаучосите“, Скола уфрли 15, а Кампацо 12 поени. Кај Венецуела најрасположен беше Карера со 19 поени.

Се вчитува...