Аргентина со два од два, Скола втор најдобар стрелец во историјата на Светските првенства

Кошаркарската репрезентација на Аргентина на крилата на ветеранот Луис Скоја кој стана втор најдобар стрелец во историјата на Мундобаскетот ја совлада Нигерија со 94-81 во второто коло од Светското првенство во Кина.

Аргентинците одлично го отворија натпреварот добивајќи ја првата четвртина со 28-17. Вториот период изненадувачки Нигеријците возвратија на ист начин, добивајќи го со единаесет поени разлика, за на полувреме да се замине со изедначен резултат 43-43. Во второто полувреме пресуди искуството на „гаучосите“ кои со одличната игра во третата четвртина успеаја да дојдат до конечен триумф над Нигерија од 94-81.

Најдобар поединец на натпреварот беше искусниот Луис Скола кој имашѓе дабл-дабл учинок од 23 поени и 10 скока. Кај Нигеријците најдобар беше Џош Окоги со 18 поени.

Венецуела ја забележа првата победа на шампионатот добивајќи го Брегот на Слоновата Коска со 87-71, додека Тунис го совлада Иран со 79-67.

Се вчитува...