Аргентинец вреден 80 милиони на радарот на Арсенал

Микел Артета полека го склопува ростерот на Арсенал со кој ќе го напаѓа трофејот во Премиерлигата. По доведувањето на Томас Парти во летниот трансфер рок, погледите на лондонскиот клуб повторно се вртени кон Премиера и играч за врска, овој пат од редовите на Реал Бетис.

Имено, Арсенал е заинтересиран за услугите на Гуидо Родригез, 26-годишникот кој оваа сезона блеска во дресот на прволигашот од Севилја. Аргентинецот на „Бенито Виламарин“ пристигна во 2020 година за три милиони евра, а неговата откупна клаузула изнесува вртоглави 80 милиони евра.

Организацијата на нападите е голем проблем на Арсенал и оваа сезона, но со доаѓањето на Парти и Одегард, „црвено-белите“ заликуваат на клубот од своите најдобри денови. Лондонскиот состав сака да го задржи Норвежанецот во своите редови и следната сезона, а со потписот на Родригез би станал сериозен кандидат за место на врвот на табелата.

Се вчитува...