Аргентинска легенда ќе го води Лајпциг, дали и Елмас се враќа!?

Легендарниот поранешен аргентински фудбалер Мартин Демикелис, ќе седне на клупата на Ред Бул Лајпциг. Тој ќе го замени Оле Вернер на клупата на германскиот тим.

Аргентинецот на 1. март ја презеде Мајорка, и потпиша договор до 2028 година, но по испаѓањето од Ла Лига, заминува од клубот и веројатно ќе се пресели во Германија.

Демикелис во минатото го водеше Монтереј, Ривер Плејт, а тој има искуство и во Германија, откако беше тренер на вториот тим на Баерн, а ги водеше и младинските селекции на гигантот од Минхен.

Од новиот тренер ќе зависи и евентуалниот „кам-бек“ на Елиф Елмас во Лајпциг. Тој изминатата сезона беше на позајмица во Наполи, кој имаше опција да го откупи неговиот договор, но таа клаузула нема да биде активирана.

Се вчитува...