Новинарка предизвика „потрес“: Меси сигурно се враќа во Барселона!

Аргентиснакта новинарка Вероника Брунати, тврди дека најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси, ќе се врати во Барселона на 1. јули 2023 година. Аргентинскиот офанзивец ја игра последната сезона под договор со ПСЖ, а Брунати, која е добро запознаена со ситуацијата со напаѓачот, вели дека тој ќе се врати во Барса.

Брунати и Меси се познаваат долго време, и досега направиле многу интервјуа, па се смета дека е добар познавач на ситуацијата со Меси.

За потсетување дека минатата година, Меси се пресели во ПСЖ, и покрај тоа што не беше негова волја. Напаѓачот во солзи ја напушти Барса и на крајот ја прифати понудата од Париз. Тоа го стори поради тоа што Барса имаше финансиски проблеми, и не можеше да го сочува.

Сепак, се претпоставува дека Жоан Лапорта веќе работи на враќањето на Меси во шпанскиот тим. Сега кога екипата е веќе консолодирана, се чини дека нема никакви пречки 35-годишниот Аргентинец да направи „кам-бек“ во својот омилен тим, и таму да ја заврши кариерата.

Се вчитува...