Аргентинците го шутнаа Бауза, време е за Сампаоли

Едгардо Бауза повеќе не е селектор на Аргентина откако „гаучосите“ му врачија отказ на овој стратег по серијата слаби резултати во квалификациите за СП 2018 во Русија. Иако новиот претседател на Аргентинската Фудбалска Аасоцијација, Клаудио Тапија, најави дека има доверба во селекторот, на крајот сепак се реши да му врачи отказ на Бауза.

Постигнавме вербална согласност. Веќе го известивме Бауза дека повеќе не е селектор на Аргентина“ – изјави Тапија.

Едгардо Бауза беше селектор на Аргентина на осум натпревари, бележејќи три победи, три порази и две реми. Под негово водство Аргентина падна на петтото место на табелата во квалификациите за СП.

Аргентинските медиуми најавуваат дека за нов селектор во следните денови и официјално ќе биде избран Жорге Сампаоли, стратегот што како селектор на Чиле два пати ја победуваше Аргентина во финалето од Копа Америка. Тој моментно е тренер на Севилја, но се очекува летово да си замине од шпанскиот клуб, по што повеќе би немало пречки тој на крајот од сезонава да седне на клупата на „гаучосите“.

Се вчитува...