Аријан Адеми станува тренер!

Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми запиша фудбалска Академија, со која ќе треба да се стекне со тренерска лиценца. Македонскиот репрезентативец со тоа ги откри плановите по завршувањето на кариерата како играч. Веројатно ќе остане да работи во фудбалот, но во сосема друга улога.

Адеми е вистинска легенда на Динамо Загреб. Собра најмногу настапи за овој клуб во Првата хрватска лига, и во европските настапи. Неговиот договор со „модрите“ истекува во 2026 година, а веројатно и натаму ќе остане дел од Динамо, со оглед дека во изминатите години одбиваше да замине во странство, и остана верен на тимот од „Максимир“.

Се очекува Динамо по завршувањето на кариерата, да му понуди работа во клубот и тоа како тренер, најпрво во младинските категории, а ако се покаже може и во сениорите. Тоа би била убава приказна, и не е нелогично. Затоа што во моментов Динамо тешко може да се замисли без Адеми, а кога ќе се реши да прекине со активното играње, да остане и натаму дел од своето „семејство“.

Се вчитува...