Аријан Адеми повторно се повреди!

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми повторно има проблеми со повреда, потврдија од Динамо Загреб. Тој поради болки во мускулот не можеше да му се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски за септемвриските квалификациски натпревари, а сега е под знак прашалник и за дуелитe против Лихтенштајн и Германија во октомври.

Адеми почувствувал болка на мечот од купот против Ориент кој „модрите“ го добија со 1-4.

„Адеми почувствува болка во глутеосот. Ќе биде проблем. Се надевам дека не е ништо страшно, но мора да ги видиме дополнителните прегледи“, изјави тренерот на Динамо Загреб, Дамир Крзнар. 

Се вчитува...