Аријан Адеми се враќа во Хрватска?

Поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми повеќе не е во плановите на унгарски Ујпешт и наскоро би можел да се врати во Хрватска, пренесува хрватскиот медиум „ТПортал“. Иако искусниот играч за врска има важечки договор со Ујпешт до крајот на следното лето, тој сезонава забележа само еден настап со скромни 26 минути на теренот.

За услугите на Адеми веќе има сериозен интерес од две хрватски екипи, Горица и Рудеш. Според првичните информации, Горица во моментов е поблиску до неговиот потпис, иако официјални преговори меѓу клубовите се уште не се започнати.

Адеми пристигна во Ујпешт минатото лето. Пред епизодата во Унгарија, тој настапуваше за кинескиот клуб Пекинг Гуан, а најголемата трага во кариерата ја остави во Динамо Загреб каде што беше долгогодишен капитен и клупска легенда. Во својата кариера има настапувано и за екипите на Шибеник и Локомотива Загреб.

Се вчитува...