Џонатан Дејвид по само една сезона го напушта Јувентус откако канадскиот голгетер не се снајде во таборот на „старата дама“. Атлетико Мадрид ќе биде новиот клуб на Дејвид откако беше договорена позајмица на една сезона, со опција мадридскиот клуб следното лето целосно да го откупи неговиот договор за 25 милиони евра.
Канаѓанецот утрово полета од Торино за Мадрид, каде по деталните прегледи ќе го стави својот потпис на договорот со Атлетико.
Јувентус веќе го договори наследникот на Дејвид, станува збор за германскиот репрезентативец Ник Волтемаде, кој доаѓа на едногодишна поајмица од редовите на Њукасл.
#David ✈️⚪️🔴 pic.twitter.com/usEtbTV3u3
— Romeo Agresti (@romeoagresti) September 1, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
