Арменд Алими опериран, Работнички без него шест месеци

Новото засилување на Работнички, Арменд Алими, денеска имаше успешна операција на тетивата на левата нога. Тој се повреди на подготовките во Анталија, а деталните лекарски прегледи покажаа дека ќе мора да биде извршен хируршки зафат за санирање на повредата.

Првичните проценки се дека претстои рехабилитациски процес од околу шест месеци.

Алими дојде во Работнички во овој преоден рок. Играше само на еден меч против Македонија ЃП на кој постигна и гол. Ќе го пропушти целиот пролетен ден, и ако биде се согласно проценките, би требало во следната сезона да се врати на терените.

Се вчитува...