Арон Рамзи се враќа во Премиер-лига

Арон Рамзи на крајот на сезоната би можел да се врати во Премиерлигата, пренесуваат италијанските медиуми. Рамзи има многу проблеми со повреди во Јувентус и по две години, подготвен е да се врати во Англија, каде претходно настапуваше за Арсенал.

Се уште нема информација во кој клуб би можел да премине, но се смета дека е на мета на неколку премиелигашки гиганти. 30-годишникот за Арсенал играше во периодот од 2008 до 2019 година, а беше член и на неговиот матичен клуб Кардиф, како и на Нотингем Форест во кој кратко играше како позајмен играч од Арсенал.

Се вчитува...