Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери пред гостувањето на неговата екипа во Франкфурт кај екипата на Ајнтрахт во Лигата на Европа изјави дека на натпреварот нема да може да смета на Месут Озил и Сократис Папастопулос.
„Јас одлучувам кои фудбалери на кој натпревар можат да дадат максимум и да бидат во тимот. Озил играше минатиот викенд и видовме дека е во добра физичка состојба. Тој може сега да ни помогне, но во недела, не во четврток. Подготвени сме да ротираме во Лигата на Европа и тоа и ќе го направам на мечот против Ајнтрахт“, изјави Емери.
Натпреаврот меѓу Ајнтрахт и Арсенал е закажан за вечерва во 18:55 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА