Арсенал го елиминира Челси и закажа финале со Сити во Лига – купот на Англија

Арсенал успеа да излезе како победник во лондонската битка и го елиминира Челси од Лига купот на Англија. „Топчиите“ триумфираа со 2-1 на „Емирати“ и, со оглед дека првиот меч заврши без голови, се пласираа во финалето на ова натпреварување, каде ќе ги одмерат силите со Манчестер сити.

Еден Азар прв го доведе Челси во водство во седмата минута, но Рудигер си постигна автогол само неколку минути подоцна. Гранит Џака во 60.минута беше стрелец на победничкиот погодок за Арсенал, со кој обезбеди пласман во финалето.

Се вчитува...